Tuesday, March 31, 2009
Компјутер
Компјутер е електронски уред кој се користи за обработка на податоци според строго одредена процедура. Во англиски јазик зборот Computer (приближен изговор помеѓу кампјутр и компјутр, со одомашена транскрипција “компјутер“) се користел за нарекување на луѓе кои се бавеле со аритметички пресметки, со или без механички помагала, но подоцна е користен и за самите пресметувачки машини. Најпрво, обработката на информации со компјутерите била ограничена исклучиво на аритметички проблеми, но современите компјутери се користат и за многу задачи неврзани со математика. Оваа дефиниција опфаќа механички уреди како што е шибер, разни механички пресметувачи од абакус па натака, како и сите современи електронски пресметувачи. Некогаш постоела поделба на аналогни и дигитални електронски компјутери но со време аналогниот изумрел па денес поимот компјутер се однесува исклучиво на дигитален компјутер. Современите пресметувачи(компјутери) се појавиле во педесетите години од дваесетиот век, а работеле така што податоците се припремале на издупчени картици и потоа преку посебни оптички читачи се внесувале во компјутерот каде понатаму се вршела обработка на податоците. Резултатот се прикажувал на монитор или со помош на принтер се принтале на хартија. Во седумдесетите се појавиле џебните пресметувачи, кај нас познати под името дигитрони.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment